Платон е првиот голем философ, кој го даде своето толкување на образованието. Тој го видел образованието, како клуч за креирање и одржување на неговата држава. Тој се залагал девојчињата и момчињата да го добијат истото основно образование, и да имаат еднакви права. Основното образование требало да се состои од гимнастика и музика која ќе изгради хармонична личност. На возраст од 20 години, би се правела селекција. За најдобрите би биле обезбедени повеќе напредни студии по математика, геометрија, астрономија, и хармонија. Високото образование ќе траело 10 години, и тоа ќе било за оние кои имаат интерес за науката. И кога ке наполнат 30 години, ќе постоел уште еден избор, а оние кои ги исполнуваат условите, би учеле дијалектика, метафизика, логика и философија наредните пет години, а потоа би завземале позиции во војската на 15 години, и на 50 години би имале комплетно теоретско и практично образование.
Образованието има важна функција во секое општество. Поради важноста на образованието секоја влада сака да ја дефинира својата концепција и содржина, за секој поединец да ги прифати вредноста и нормите на системот. Поради тоа државата обезбедува финансирање на образованието. Покрај тоа, во однос на содржината, се обиде да утврди социјалните норми и вредности и да се изгради свест за припадност кон својата заедница, општествена група, религија.
Преку едукација и исто така се развиваат чувства за сопствената култура, почитување на принципите и солидарноста. Преку школување се обликува свеста и гледиштето на поединецот, кога станува збор за процеси во општеството и системот на власта. Сите образовни системи се базираат на познавање на историјата на општеството. Институционализацијата на образованието и покрај тоа што врз основа на усвојување на збир од правила и социјални вредности, се огледува и во знаења и вештини кои поединецот ги совладува во процесот на обуката. Преку силен образовен систем се менува структурата на општеството, на семејството и професијата. По Талкот Парсонс училиштето е мост меѓу семејствата и општеството како целина. Училиштето го подготвува детето за неговата улога. Образованието е всушност израз на социјалниот систем. Тоа денес значи еднакви шанси кои отвараат можност за менување на положбата кај некои поединци кои ја стекнале со раѓање или наследство. Тоа е многу важно за социјалнен престиж, власт и моќ. Стекнатите знаења и образовните вештини се многу применливи и корисни во практичниот живот. Иако лицата се стекнуваат со знаењата индивидуално тоа е богатство на сите луѓе во општеството.